Колострумот е првото млеко што го произведуваат цицачите, вклучително и луѓето, по породувањето. Во споредба со обичното млеко, колострумот содржи особено голема количина на биоактивни состојки. Колострумот на новороденчињата им дава најдобар можен почеток на животот, бидејќи содржи антитела за заштита на новороденчињата од болести и инфекции. Уште повеќе, колострумот содржи имунолошки фактори и фактори за раст за да го активира имунолошкиот систем на новороденчето.
Новороденчињата имаат тенденција да имаат кревок имунолошки систем. Колострумот концентрирано ги испорачува биоактивните материи што му се потребни на новороденчето. Не само што колострумот содржи имунолошки клетки и антитела (како што се IgA, IgG и IgM), туку и компоненти на зрелиот имунолошки систем, како што се лактоферин, лактопероксидаза и полипептиди богати со пролин (PRP). Интерлеукини, цитокини и фактори на раст слични на инсулин I (IGF-1) и II се меѓу другите компоненти што го зајакнуваат здравјето
Кравите имаат тенденција да произведуваат повеќе колострум отколку што може да консумира телето. Кравата произведува околу 8 литри колострум при нејзиното прво молзење. Сепак, на телето му требаат само околу 4 литри. Затоа се собира вишокот колострум. Собраниот колострум се замрзнува се додека не се обработи.Суровиот колострум се чисти и концентрира, по што се суши со замрзнување. Се применува метод на сушење со замрзнување бидејќи на тој начин се отстранува влагата без загревање. Затоа, сушењето со замрзнување е најдобриот начин да се обезбеди биоактивност во производите од колострум.
Димас Колострумот во прав во целост е направен од колострум кој доаѓа од Холандија. Се почитува правило според кое колострумот се собира - само во првите 24 часа по породувањето на кравата. Целиот колострум се обработува во Холандија.
Димас Колострумот го снабдуваме единствено од лиценцирани фармери. Притоа постои строга контрола при влез и протоколи за добавувачите. Како резултат на тоа, се контролира квалитетот на нашите производи од почеток до крај.
Иако на многумина им е познато дека колострумот (од човек или од кој било цицач) има витална улога во здравјето на новороденчето, сè уште е релативно непознато дека говедскиот (кравјиот) колострум може да обезбеди здравствени придобивки кај децата и возрасните. На пример, може да го зголеми здравјето на коските, да помогне во борбата против бактериите или да служи како општа состојка за зајакнување на имунолошкиот систем.
Говедскиот колострум и човечкиот колострум се многу слични во нивниот состав. И двете содржат многу слични антитела, имунолошки фактори и фактори на раст и други хранливи материи. Следствено, колострумот е погоден за човечка исхрана, доколку соодветно се обработува. Меѓу придобивките за човекот при консумирање на говедскиот колострум се:
• Зајакнување на имунолошкиот систем
• Дигестивно здравје
• Подобрување на виталноста
• Регенерација на ткиво
• Антиоксидантна заштита
• Извор на енергија
• Клеточно здравје
Колострумот е првото млеко што го произведуваат сите цицачи, вклучително и луѓето, по породувањето и содржи антитела кои го активираат имунолошкиот систем на новороденчето и го штитат од болести и инфекции.
Ова високо концентрирано млеко има жолтеникава боја, погусто е од обичното млеко и се карактеризира со висока содржина на:
Токму затоа, колострумот го нарекуваат „супер храна“ и „течно злато“.
Покрај неговата витална улога во здравјето на новороденчињата, колострумот обезбедува бројни здравствени придобивки и за децата и за возрасните:
Докажано е дека колострумот помага при респираторни инфекции, дијабетес, егзема, алергии и многу други состојби, како и и дека придонесува за елиминација на токсичните материи во организмот и го забрзува метаболизмот.
Колострумот во форма на суплемент се добива со преработка на говедски (кравји) колострум, кој по состав е најсличен со човечкиот колострум (содржат слични имунолошки фактори, фактори на раст, антитела и други хранливи материи). Говедскиот колострум може да се користи како додаток во исхраната на луѓето по правилна обработка.
Земањето колострум како додаток во исхраната се препорачува за сите, особено за:
Исто така, колострумот е многу погоден и важен за децата, бидејќи нивниот имунолошки систем не е доволно развиен за да се бори самостојно и успешно со сите болести и инфекции. Ако вашето дете е склоно кон настинки и воспаление на грлото, белите дробови и ушите, има проблеми со алергии или дијареа, колострумот ќе помогне овие симптоми да исчезнат или значително да се намалат, со тоа што ќе го зајакне имунитетот на детето на сосема безбеден и природен начин.
Колострум во форма на суплемент може да консумираат возрасни и деца постари од 3 години, според упатствата наведени на пакувањето на производот.
Колострум суплементите најчесто се во форма на прашок, таблети и капсули, а може да се најдат и во течна форма. При изборот на типот на колострум суплемент, важно е да се посвети внимание на следново:
Ве молиме имајте предвид дека колострум суплементите се додаток на здравиот начин на живот, а не замена за урамнотежена исхрана, редовна физичка активност и квалитетен сон. Колострумот може да го зајакне имунитетот и да придонесе за општата виталност на организмот само со одговорен пристап и здрави животни навики
Првите позитивни резултати можете да ги забележите по еден месец редовна употреба. Некои корисници забележале подобрувања по неколку дена, други по неколку недели. Секој организам е индивидуален, но за најдобри резултати се препорачува континуирано консумирање колаген во времетраење од 3 месеци.
Колострумот е генерално безбеден за повеќето здрави возрасни лица и деца.
Постои мала можност кај некои луѓе да предизвика благи гастроинтестинални тегоби како што се дијареа, надуеност или грчеви во стомакот, па затоа во тој случај препорачуваме да се консултирате со вашиот лекар.
Исто така, луѓето кои се нетолерантни на лактоза и алергични на кравјо млеко треба да избегнуваат говедски колострум.
Препорачаната дневна доза за внес на колострум може да варира во зависност од формата, производителот и индивидуалните потреби. Секогаш следете ги упатствата на етикетата на производот.
Максимална препорачана доза за Димас Колострум:
Ви препорачуваме да го пиете Димас колострумот на дневно ниво, минимум три месеци непрекинато и додека не почувствувате подобрување. Нема потреба да се прави пауза во консумирањето.
Бидејќи колострумот е од животинско потекло, тој не е погоден за луѓе кои практикуваат веганска или вегетаријанска исхрана.
За трудниците и доилките особено е важен квалитетот и доверливоста на производите што ги користат во исхраната.
Затоа, со гордост истакнуваме дека Димас колострумот е 100% чист колострум, кој не содржи никакви адитиви, алергени или ГМО супстанци, што го прави сосема безбеден избор за идните мајки и доилките. Поради својот состав и важната улога која ја има во поддршката на имунитетот и здравјето на мајката и бебето, Димас колострумот го препорачуваат многу лекари, педијатри и имунолози.