
Летото е време за лесна храна, многу течности и природна нега одвнатре. Додека телото се бори со топлината, кожата ни бара повеќе хидратација, а цревата – поголема рамнотежа. Па, зошто да не ги споиме корисното и вкусното?
Во овој блог пост ќе најдете летни рецепти за пијалоци кои не само што освежуваат, туку и ја хранат кожата, ги зајакнуваат зглобовите и имунитетот – благодарение на моќните состојки како Димас рибен и говедски колаген и колострум.
Колаген смуди за блескава кожа
Се пие наутро или како освежителна ужина.
Состојки:
1 рака свежи или замрзнати јагоди
1/2 банана
1/2 чаша вода или растително млеко (бадемово/овесно)
1 лажичка Димас рибен колаген
1 лажичка мед
1 лажичка семки од чиа (по желба)
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и изблендирајте додека не добиете кремасто смуди. Пијте веднаш. Рибниот колаген е без вкус и совршено се вклопува со овошјето – за поеластична и хидрирана кожа во текот на летото.
Освежителен колаген лимонада сприц
Совршен пијалок за балкон или двор во доцните попладневни часови.
Состојки:
1 лимон
1 лажица Димас говедски колаген
1 чаша газирана вода
Неколку листови свежо нане
Коцки мраз
Малку мед или агаве (по желба)
Подготовка:
Истискајте го лимонот и измешајте го со колагенот и медот. Додадете мраз и прелијте со газирана вода. Украсете со нане. Ова е лесна и природна алтернатива на комерцијалните газирани пијалоци – а и зглобовите ќе ви бидат благодарни.
Смуди од колострум со овошје
Здрава ужина или појадок за активен ден.
Состојки:
Неколку урми (потопени во вода 10 минути)
1 чаша јогурт или растителен јогурт
1 доза Димас колострум
1 праска
1/2 чаша овесни снегулки
Подготовка:
Изблендирајте ги сите состојки. Префрлете во чинија и украсете со овошје, чиа или кокос. Колострумот ќе помогне да го балансирате дигестивниот систем, особено во лето кога промените во исхрана и вода можат да предизвикаат проблеми.
Банана-ванила шејк за после тренинг
Идеален после утринско трчање или попладневен тренинг.
Состојки:
1 банана
1 чаша млеко (обично или растително)
1 лажица Димас говедски колаген
1/2 лажичка ванила екстракт
1/2 лажичка цимет
Мраз (по желба)
Подготовка:
Сè во блендер, изблендирај и уживај во кремаст шејк што ќе го нахрани телото со аминокиселини за регенерација и ќе ти помогне да останеш активен во текот на денот.
Цреши и рибен колаген за антиоксиданси
Смирувачко смуди со природна заштита од слободни радикали.
Состојки:
1 рака цреши (без коски)
1/2 банана
1/2 чаша вода или кокосова вода
1 лажичка рибен колаген Димас
Мраз
Подготовка:
Изблендирај и пиј веднаш – особено после тренинг или сончање.
Зелено освежување со краставица и ѓумбир
Идеално за прочистување и хидратација.
Состојки:
1/2 краставица
1 шолја вода
2 парченца свеж ѓумбир
1/2 лимон
1 лажица говедски колаген Димас
Малку мед или агаве (по желба)
Мраз
Подготовка:
Изблендирај и процеди (ако сакаш). Овој пијалок освежува, го смирува желудникот и помага против подуеност.