
Кога станува збор за здравјето, има теми што не смеат да се игнорираат. Ракот на дојка е најчестиот малигном кај жените, но и еден од ретките што може успешно да се лекува ако се открие навреме.
Во продолжение ќе прочиташ што навистина е важно: кои се ризиците, кои навики прават разлика и зошто редовната проверка може да спаси живот.
Важноста на раната детекција
Кога ракот на дојка ќе се открие навреме, шансите за излекување се над 90%.
Редовните самопрегледи и годишните контроли кај лекар се најсигурниот начин за да не дојде до задоцнета дијагноза.
Променета форма на дојка, цврсто грутче или необичен исцедок се знаци што не треба да ги игнорираш.
Ризик-фактори што секоја жена треба да ги знае
Некои не можеме да ги промениме – како возраста и генетиката. Но многу други зависат од нашиот стил на живот:
• Прекумерна тежина, особено по менопауза
• Недостаток на физичка активност
• Алкохол и пушење
• Исхрана богата со шеќери и преработени намирници
• Хормонски промени и долготрајна изложеност на естроген
Што можеш да направиш уште денес
Самопреглед еднаш месечно – пред огледало, со внимателна палпација
Редовни контроли кај лекар – мамографија или ултразвук според возраста и ризикот
Здрава исхрана и движење – свеж зеленчук, овошје, протеини и секојдневна активност
Намали токсини – алкохол, цигари и хемикалии кои го оптоваруваат телото
Грижата за телото – и одвнатре
Превенцијата не завршува само со редовни прегледи. Силниот имунитет, здрава цревна флора и рамнотежата на хормоните се важен дел од женското здравје. Тоа се фактори кои влијаат и на ризикот за многу заболувања, па и на способноста на организмот да се справи со терапија или закрепнување.
Затоа е важно да внимаваме не само што јадеме, туку и какви суплементи избираме. Многу производи на пазарот содржат засладувачи, бои и адитиви кои непотребно го оптоваруваат црниот дроб – орган кој и онака работи „прекувремено“ за да го детоксицира телото.
Токму тука се издвојуваат Димас производите:
• Колострумот – природен извор на антитела што го јакнат имунитетот и ја поддржуваат цревната флора.
• Колагенот – хидролизиран во пептиди за лесна апсорпција, без вкус и мирис, како поддршка за кожата, косата и коските.
• 100% чисти формули, без адитиви, шеќери и пакувања со ПФА – вистинска поддршка за телото без дополнителен товар.
Кога правиме паметен избор за себе, го зајакнуваме телото и му помагаме да остане силно – не само во октомври, туку секој ден од годината.

Што секоја жена треба да знае за ризиците од ракот на дојка

