Дипломиран нутриционист
Симона Коруновска

Колагенот е најважниот протеин во нашето тело.
Неговото производство се намалува од повеќе фактори:

  • со годините,
  • од УВ зраците,
  • пушење цигари,
  • исхрана која што содржи многу шеќери итн.

Од УВ зраците особено страда колагенот тип 1, кој што го содржи кожата. Ова во доведува до предвремено стареење на кожата, создавање на бемки, а во некои случаи и рак.
Јапонските истражувања покажуваат дека зголемен орален внес од само 2 гр колагенски пептиди дневно значително го намалува штетното дејство на УВ зраците врз кожата .

https://www.researchgate.net/publication/24262954_Effects_of_Collagen_Peptide_Ingestion_on_UV-B-Induced_Skin_Damage

Хидролизираниот рибен колаген е составен од пептиди и е 1,5 пати полесно дигестиран, апсорбиран и дистрибуиран низ нашето тело затоа што е протеин “исечен” на многу мали делови. Кога се консумира се апсорбира во тенкото црево и стига до дермисот на нашата кожа каде може да опстои до 14 дена. Додека се наоѓа таму, природно креира заштита од УВА радијацијата. Комбинацијата и количината на амино киселини го прави навистина посебен, затоа што овој тип 1 на колаген значително ја подобрува функцијата на имунолошкиот систем.

Затоа најдобриот фактор за сончање летово, е дефинитивно рибниoт колаген, затоа што редовното консумирање освен што ќе ви ја штити кожата, ќе го подобри квалитетот на вашата коса и нокти, а дополнително ќе ви го зајакне и имунитетот.

Моја препорака за консумација е наутро со малку вода и цеден лимон. Вкусот е неутрален, воопшто не се ни чуствува во оваа комбинација, а витаминот Ц ја подобрува апсорбцијата.