- август 29, 2024
- Колаген
Димас Рибниот Колаген Пептид е премиум, 100% природен колагенски суплемент создаден да го одржи и врати сјајот на вашата кожа, да го зајакне здравјето на зглобовите и да подобри севкупната виталност. Добиен од висококвалитетни суровини, нашиот рибен колаген е хидролизиран за оптимална апсорпција и максимални придобивки.
Што е рибен колаген?
Рибиниот колаген се добива од кожата, коските и крлушките на рибата и претежно се состои од колаген тип 1, кој е најзастапениот колаген во човечкото тело. Овој тип на колаген е особено корисен за здравјето на кожата, бидејќи помага да се одржи хидратацијата, еластичноста и цврстината.
Придобивки од рибниот колаген:
- Блескава кожа: Рибиниот колаген помага при подобрувањето на хидратацијата и еластичноста на кожата, намалувајќи ја појавата на брчки. Овој вид на колаген е одличен за одржување и добивање помладешки, блескав тен.
- Јаки нокти и коса: Покрај тоа што го подобрува здравјето на кожата, рибниот колаген, исто така, ги зајакнува косата и ноктите, намалувајќи ја кршливоста и поттикнувајќи раст.
- Поддршка на зглобовите: Исто како и говедскиот колаген, рибниот колаген го подобрува и одржува здравјето на зглобовите со регенерација на ‘рскавицата и намалување на воспаленијата, и помага со ублажување на непријатноста во зглобовите.
- Лесна апсорпција: Пептидите на рибниот колаген се помали од оние што се наоѓаат во говедскиот колаген, што создава можност телото полесно да ги апсорбира и да ги искористи, особено доколку се користи за подобрување на кожата.
Зошто да изберете Димас Рибен Колаген
Нашиот Рибен Колаген Пептид се добива од висококвалитетни суровини, обезбедувајќи чист и 100% природен производ. Нашиот хидролизиран колаген лесно се апсорбира од телото, што ви овозможува да добиете побрзи и позабележителни резултати. Без разлика дали вашата цел е да имате блескава кожа или здрави зглобови, Димас Рибниот Колаген е совршен избор за подобрување на вашето здравје и убавина.