Првата промена веројатно нема ни да ја забележите.
Нема да се разбудите едно утро со чувство „денес ми недостига колаген“.
Можеби прво ќе забележите дека кожата веќе не изгледа исто после непроспиена ноќ. Дека после тренинг колената почесто болат. Или дека телото едноставно не се опоравува како пред десет години.
Сите овие работи имаат различни причини и не можат да се сведат само на колаген.
Но има нешто интересно што им е заедничко: колагенот е дел од структурата на сите тие ткива. И телото со годините постепено го создава сè помалку.
Замислете го колагенот како конструкцијата што не ја гледате
Кога ќе кажеме „колаген“, најчесто помислуваме на тегличка со прашок и реклама за кожа.
Но колагенот постоел во вашето тело многу пред да стане тренд на Instagram.
Тој е најзастапениот протеин во човечкото тело.
Го има во кожата. Во коските. Во тетивите. Во лигаментите. Во ’рскавицата и другите сврзни ткива.
Замислете го како мрежа од влакна што им помага на различните ткива да ја задржат својата структура. Кај кожата придонесува за цврстината и структурата. Во коските е дел од органската матрица врз која се гради минералната структура. Во тетивите и лигаментите е дел од ткивото што мора да издржи огромни механички оптоварувања.
Затоа колагенот никогаш не бил само beauty приказна.
Beauty индустријата само прва успеа добро да ни го продаде. Нашето тело произведува колаген само. И тоа е одличната вест. Помалку одличната е што производството и обновувањето на колагенот се менуваат со стареењето. На тоа дополнително можат да влијаат UV-зрачењето, пушењето и други фактори од животниот стил. И тука почнуваме да ги гледаме промените. Кожата постепено губи дел од еластичноста и цврстината. Со возраста се менуваат и коските, ’рскавицата, тетивите и другите сврзни ткива.
Затоа прашањето за колагенот станува многу поинтересно после 30, 40 или 50 години отколку кога имавме 20.
Но тука доаѓа едно логично прашање:
Ако испијам колаген, дали тој едноставно „оди“ во кожата?
Не. И баш тука станува интересно.
Телото нема GPS што ќе препознае: „Аха, оваа жена го испи колагенот поради брчките. Цел колаген го праќаме во лицето.“ Кога внесуваме колаген, дигестивниот систем го разградува. Затоа на пакувањата со квалитетни колагенски суплементи често ќе го видите зборот: ХИДРОЛИЗИРАН. Звучи многу покомплицирано отколку што е.
Што значи „хидролизиран“?
Замислете го природниот колаген како многу долга протеинска конструкција.
Со хидролиза таа се разградува на многу помали фрагменти – колагенски пептиди. И токму тие помали пептиди се формата што се користи кај хидролизираните колагенски суплементи. Но приказната не завршува со: „Го испив → се апсорбира → добив нов колаген.“ Биологијата е поинтересна од тоа.
Вашето тело не го користи колагенот како резервен дел
Не функционира како автомобил: недостига малку колаген во коленото → внесуваме колаген → телото го лепи таму.
По дигестијата и апсорпцијата, организмот располага со аминокиселини и одредени мали пептиди. Тие можат да послужат како материјал за синтеза на протеини. Но истражувањата на колагенските пептиди отворија уште поинтересно прашање: дали одредени пептиди можат да имаат и сигнална улога во ткивата и да влијаат врз клеточните процеси поврзани со создавањето компоненти на екстрацелуларниот матрикс? Токму затоа денес научниот интерес не е само: „Дали телото го апсорбира колагенот?“ туку: „Што прави со тие пептиди откако ќе ги апсорбира?“
И ова е многу поблиску до вистинската приказна зад хидролизираниот колаген отколку рекламното „го пиеш и оди директно во кожата“.
Добро, а што покажуваат истражувањата?
Тука работите стануваат практични.
Кожата
Ова е една од најистражуваните области.
Клинички испитувања и мета-анализи на орални хидролизирани колагенски пептиди покажуваат потенцијални подобрувања на параметри како хидратацијата и еластичноста на кожата. Значи, приказната за колагенот и кожата не е создадена само од beauty маркетингот. Но има една работа што маркетингот понекогаш ја заборава: резултатите не се очекуваат после три дози. Истражувањата обично следат редовна употреба во текот на недели или месеци.
Зглобовите
Еве каде колагенот станува интересен и за луѓе кои никогаш не би купиле нешто „за кожа“.
Колагенот е важна компонента на сврзните структури, а колагенските пептиди се истражувани и кај физички активни лица и кај луѓе со зглобни тегоби. Некои клинички испитувања покажале подобрувања на одредени параметри на болка и функција. Не значи дека колагенот лекува повреда или заболување на зглоб. Значи дека постои реална причина зошто колагенските пептиди се истражуваат во оваа област.
Коските
Ако ве прашаме што им треба на коските, веројатно ќе кажете: калциум. Можеби и витамин D. Колаген? Многу луѓе не би го ставиле ни во првите пет одговори.
Но коската не е парче калциум. Таа има минерална и органска компонента, а колагенот тип I е главен протеин на органската коскена матрица.
Токму затоа постојат и истражувања за колагенските пептиди и коскеното здравје.
И сега доаѓаме до збунувачкиот дел:
тип I, III…
Ако некогаш сте споредувале два колагена онлајн, веројатно сте виделе нешто вакво:
TYPE I
TYPE I & III
MARINE
BOVINE
И тука многумина се губат. Всушност, за основен избор не мора да биде толку комплицирано. Постојат повеќе типови колаген во човечкото тело и тие не се еднакво застапени во сите ткива. Тип I е најзастапениот и го има во големи количини во кожата, коските, тетивите и други ткива. Тип III често се наоѓа заедно со тип I во различни сврзни ткива. Затоа изворот на колагенот и неговиот профил се важни при изборот.
Рибен или говедски? Еве го поедноставниот одговор.
Кај Dimas имаме два чисти хидролизирани колагени и не ги позиционираме како два исти производи во различна амбалажа.
Dimas Pure Fish Collagen
Содржи хидролизиран рибан колаген тип I.
Дневна доза: 5 g.
Најчесто го препорачуваме кога примарниот фокус е на кожата, косата и ноктите.
Dimas Pure Collagen Peptides
Содржи хидролизиран говедски колаген тип I и III.
Дневна доза: 10 g.
Најчесто го препорачуваме кога фокусот е на зглобовите, коските, тетивите, лигаментите и физички активното тело.
И не – не мора да ги пиете двата истовремено.
Ако сакате да ги вклучите и двата во подолгорочна рутина, можете да ги ротирате: еден период рибен, следниот говедски.
И едно прашање што ретко го поставуваме: што го уништува колагенот што веќе го имаме?
UV-зрачењето е еден од факторите што придонесуваат за деградација на колагенот во кожата. Пушењето исто така негативно влијае на кожата и колагенскиот метаболизам.
Исхраната, физичката активност и општиот начин на живот се дел од целата приказна. Затоа нема многу логика секое утро дисциплинирано да внесуваме колаген, а потоа цел ден да правиме работи што работат во спротивна насока.
Суплементот е дополнување на добрата рутина. Не нејзина замена.
Значи… вреди ли да се зема колаген?
Подобро прашање е: Зошто сакате да го земате?
Ако очекувате чудо за седум дена – веројатно ќе се разочарате.
Ако го гледате како редовен извор на хидролизирани колагенски пептиди во рамки на долгорочна рутина – тогаш веќе зборуваме за начинот на кој колагенот е испитуван и во клиничките истражувања.
И кога избирате, потребно е да знаете:
Од каде е колагенот?
Кој тип е?
Дали е хидролизиран?
Колку грама внесувам дневно?
Што друго има во пакувањето?
И дали тој производ воопшто одговара на причината поради која го земам?
Тоа е целата суштина.
Колагенот можеби е тренд на социјалните мрежи.
Но во вашето тело никогаш не бил тренд.
Таму бил цело време.