
Денес, ако само напишеш „колаген“ на Google или прошеташ низ неколку продавници за суплементи, ќе налеташ на десетици опции:
течен колаген со вкус на шумско овошје
прашок во розова амбалажа што ветува сјајна кожа
колаген во капсули, со витамин Ц и уште десет други состојки
„budget-friendly“ варијанти со бомбастичен маркетинг
Со толкав избор, нормално е да се запрашаш:
Која форма е навистина ефикасна? Како да знам што ми треба?
Токму затоа го пишуваме овој водич – да ја разјасниме разликата меѓу вистински квалитетен колаген и оние кои само изгледаат убаво на полица.
Не секој колаген е ист – зошто е важно да е 100% чист?
Колагенот е клучен протеин за структурата на кожата, коските, зглобовите и сврзното ткиво. Но, за да има ефект, треба да стигне онаму каде што му е местото – во твоето тело.
Dimas Pure Collagen Peptides содржи 100% хидролизирани пептиди – без ароми, боја, засладувачи или згуснувачи. Тоа значи:
- Колагенот е веќе „сецкан“ на ситни делови
- Телото веднаш ги апсорбира и искористува
- Сè што внесуваш – навистина функционира
Во споредба, колагени со додатоци можеби изгледаат и имаат добар вкус, но ефективната доза на колаген во нив е често мала, а присуството на адитиви го оптоварува организмот.
Како да препознаеш добар колаген?
Еве неколку јасни критериуми:
Форма на колаген
- Прашок (во прав) – најдобра апсорпција, особено ако е хидролизиран
- Капсули– практични, но потребно е повеќе време за апсорпција
- Течен колаген – привлечен заради вкусот, но често содржи шеќери или конзерванси
Состав
Провери дали пишува „100% hydrolyzed collagen peptides“. Сè друго значи дека колагенот може да биде тешко сварлив или во недоволна количина.
Додатоци
Колаген со арома од јагода, витамин Ц, хијалуронска киселина и засладувач?
Звучи интересно, но често значи дека вистинската доза на колаген е намалена. Помалку „шоу“, повеќе резултати!
Флексибилност во употреба
Колагенот без вкус и мирис можеш да го додадеш буквално во сè: вода, кафе, чај, јогурт или смути – без да го менуваш својот ритам.
Зошто има разлика во цената на колагените?
Еве што ја прави разликата:
Потекло и фабричка контрола
Dimas колагенот доаѓа од врвна италијанска фабрика со строго контролирана хидролиза.
Поевтините варијанти често се од непознати извори со нејасен состав.
Количина на активна состојка
Нешто може да содржи колаген, но прашање е колку? Некои брендови нудат 20% колаген + 80% додатоци. Dimas содржи само она што е навистина важно – 100% пептиди.
Вид на колаген
Не секој колаген е хидролизиран. Необработени форми телото тешко ги апсорбира. Затоа резултатите со Dimas се побрзи и поефикасни.
Што значи „хидролизиран колаген“ и зошто тоа е важно?
Кога ќе прочиташ hydrolyzed collagen, тоа значи дека колагенот е разграден до пептиди – мини делчиња што телото веднаш ги впива.
Предности на хидролизираниот колаген:
✔ Побрза апсорпција
✔ Подобра искористливост
✔ Нема тежина во стомакот
✔ Се раствора во секој пијалак без промена на вкусот
Што се колагенски пептиди?
Пептидите се најефикасниот облик на колаген – мали фрагменти на аминокиселини кои директно ја поддржуваат:
Регенерацијата на кожата
Здравјето на зглобовите
Силата на коските и мускулите
Сјајот на косата и здрави нокти
Благодарение на својата големина, тие побрзо стигнуваат во крвотокот и директно делуваат таму каде што телото најмногу има потреба.
Изборот на колаген не треба да биде случаен. Погледни под површината – во составот, формата и потеклото.
Ако сакаш реални резултати и најдобра поддршка за твоето тело, избери:
Dimas Pure Collagen Peptides
✔ Без додатоци
✔ Без бои и ароми
✔ 100% хидролизирани пептиди
✔ Максимална апсорпција
✔ Видливи резултати
✔ Лесна растворливост
Затоа што кога се грижиш за себе – заслужуваш најдобро.