Што е колострум?
Колострумот е првата течност што ја лачат цицачите во првите неколку дена по породувањето пред да се ослободи мајчиното млеко . Оваа храна обезбедува првично снабдување со витални хранливи материи за новороденчињата и игра клучна улога во исхраната, заштитата, развојот и имунолошката одбрана на новороденчето.
Нутритивност и придобивки од конзумирање на говедски колострум:
Бидејќи говедскиот колострум е буквално натоварен со хранливи материи кои се борат против болестите и го поттикнуваат растот, тој може ефективно да го зајакне имунитетот, да лекува инфекции и да понуди повеќе поврзани придобивки кај луѓето во текот на животот. Неговите потврдени здравствени придобивки се главно поврзани со специфични протеински соединенија. Колострумот вклучува биолошки активни елементи и бактериостатски супстанции како што се ензими, хормони, полиамиди, деривати на нуклеинска киселина, амино киселина. Бактериостатските супстанции вклучуваат имуноглобулини, лактопероксидаза, лактенини, лактоферини, лизозими и леукоцити.
- Лактоферин-Лактоферинот е протеин вклучен во имунолошкиот одговор на вашето тело на инфекции, вклучително и оние предизвикани од бактерии и вируси.
- Фактори на раст– Факторите за раст се хормони кои го стимулираат растот. Говедскиот колострум е особено висок во два хормони базирани на протеини, фактори на раст слични на инсулин 1 и 2 или ИГФ-1 и ИГФ-2.
- Антитела-Антителата се протеини, познати и како имуноглобулини, кои ги користи вашиот имунолошки систем за борба против бактериите и вирусите. Говедскиот колострум е богат со антитела IgA, IgG , IgM, IgE, IgD
- Витамини-во лесно апсорбирачка форма. Витамините вклучени во колострумот се и растворливи во масти (А, Д, Е и К) и растворливи во вода (тиамин, рибофлавин, пиридоксин, кобаламин, ниацин, биотин, пантотенска киселина, фолна киселина, никотинска киселина и холин)
- Минерали-калциум, магнезиум, фосфор, калиум и натриум
Ефектите за зајакнување на имунитетот на колострумот најмногу се должат на неговата висока концентрација на антителата IgA и IgG.
Колострумот промовира раст и здравје кај доенчињата и новородените животни, но истражувањата покажуваат дека земањето додатоци од говедски колострум може да го промовира имунитетот, да помогне во борбата против инфекциите и да го подобри здравјето на цревата во текот на животот.
Колострумот ги содржи сите есенцијални хранливи материи за новороденчето во првите денови од животот кои имаат долготрајни позитивни ефекти. Говедскиот колострум се користи за човечки додатоци на исхрана поради високите концентрации на биоактивни протеини, витамини, минерали, фактори на раст, како и слободни и конјугирани олигосахариди.
Говедскиот колострум се состои од есенцијални хранливи материи како што се протеини, масти, витамини и минерали. Дополнително, говедскиот колострум содржи високи нивоа на биоактивни соединенија, вклучувајќи олигосахариди, имуноглобулини, лактоферин и лизозим, кои имаат добро карактеризирани улоги во обезбедувањето пасивен имунитет, антимикробна заштита, помага при апсорпција на железото во телото, го поддржува здравјето на цревната обвивка.
Говедскиот колострум го подобрува човековото здравје со тоа што ја подобрува имунолошката одбрана и гастроинтестиналното здравје на луѓето со неговите биоактивни компоненти. Врската помеѓу консумирањето на говедскиот колострум од страна на луѓето и одбраната на имунитетот се истражуваше долги години за подобро да се разбере имунолошката активност на говедскиот колострум. Неколку студии веќе покажаа дека говедскиот колострум се користел во клиниките и терапевтските апликации. Оралниот внес на говедски колострум, на пример, влијае на цревниот имунитет, кој е резултат на зголемена концентрација на природни убијци, лимфоцити. IgG во говедскиот колострум е исто така способен да го промени вродениот и адаптивниот имунитет со врзување за патогени што доведува до фагоцитоза и одбрана.
Истражувањата покажуваат дека додатоците на колострумот може да бидат особено ефикасни во зајакнувањето на имунитетот кај елитните спортисти. Говедскиот колострум исто така често го претпочитаат спортистите кои прават вежби за издржливост и отпор, бидејќи нуди висока хранлива вредност. Спортистите размислуваат да се задржат физички и физиолошки на највисоко ниво во високо конкурентна средина. За ова, покрај програмите за исхрана, најчесто користат различни суплементи.
Различни студии покажаа дека говедскиот колострум влијае на имунолошкиот систем и развојот на мускулите кај спортистите. Истражувањата покажаа дека употребата на колострум кај спортистите е ефикасна при хипертрофија, зголемување на мускулната сила и намалување на телесните масти. Според тоа, говедскиот колострум придонесува за продолжување на времетраењето на вежбањето со зголемување на капацитетот за пуферирање на мускулите за време на вежби со висок интензитет поради неговата богата содржина на ИГФ-1 .
Една 12-неделна студија со 35 возрасни тркачи на далечина покажа дека земањето дневен додаток на говедски колострум го зголемува количеството на IgA антитела од плунка за 79%, во споредба со основните нивоа.
Истражувачите сугерираа дека повисоките нивоа на IgA во плунката може да го зајакнат имунитетот и да ја подобрат способноста на телото да се бори против инфекции на горниот респираторен тракт.
Друга студија со 29 машки велосипедисти забележа дека земањето 10 грама говедски колострум дневно во текот на 5 недели спречи намалување на имунолошките клетки после вежбање и го намали ризикот од симптоми на инфекција на горните дишни патишта.
Производство на Димас колострумот:
Во зависност од тоа како се одгледуваат кравите, говедскиот колострум може да содржи и антибиотици, пестициди или синтетички хормони. Сепак, можете да купите колострум коj е тестиран за да се осигурате дека финалниот производ ги нема овие соединенија.
Димас колострумот поседува анализни сертификати кои гарантираат целосна безбедност.
Димас колагенот поседува анализен сертификат кој соодветствува со барањата на Eвропскиот правилник за безбедност и квалитет на додатоци во исхрана.
Тестиран е за присуство на тешки метали, арсен кадмиум, жива, афлатоксини, антибиотици, бакар.
Поседува анализен сертификат за микробиолошка исправност.
Димас колострумот во прав во целот е направен од колострум кој доаѓа од Холандија од крави од отворени пасиште (не фармски одгледувани). Се почитува правилото според кое колострумот се собира само во првите 24 часа по породувањето. Целиот колострум се обработува во Холандија.
Процесите вклучени во подготовката на говедскиот колострум за човечка суплементација играат клучна улога во зачувувањето и одржувањето на активноста на биоактивните молекули. Бидејќи говедскиот колострум е мултифункционална храна која нуди огромен број бенефити за човековото здравје, оценувањето на главните процеси што се користат при неговото подготвување е клучна точка за дискусија.
Димас колострум е добиен по пат на сушење со замрзнување, метод на сушење кој вклучува два чекори. Прво, производот се замрзнува, а медиумот за суспензија се кристализира на ниска температура. Потоа, течноста се сублимира од цврстата состојба низ фазата на пареа под намален притисок. Сушените производи со замрзнување ја задржуваат својата оригинална форма и текстура, а оваа постапка ја минимизира загубата на хранливи материи поради ниската температура на обработка и брзата транзиција на замрзнатиот материјал од хидрат во безводен.
Затоа, таа е најомилената техника за дехидрација за биолошки материјали чувствителни на топлина. Сушењето со замрзнување често се претпочита во биотехнолошкиот сектор и производите сушени со замрзнување може да се чуваат повеќе од една година без губење на нивните биолошки својства. Сушењето со замрзнување е најдобриот начин да се обезбеди биоактивност во производите од колострум.
Начин на примена на Димас колострумот:
Димас колострумот претставува високо квалитетен чист колострум во прав без додатоци.
На сите ни се познати здравствените придобивки од конзумирање на колострум во здравјето на новороденчињата. Конзумирање на чист колострум во прав во текот на животот носи големи придобивки.
- Зајакнување на имунолошкиот систем
- Дигестивно здравје
- Подобрување на виталност
- Регенерација на ткивата
- Антиоксидантна заштита
- Извор на енергија
- Клеточно здравје
- Го поддржува процесот на слабеење
Начин на конзумирање на Димас колострумот во прав:
Колострумот е најдобро да се конзумира наутро на празен стомак.
Може да го конзумираат возрасни и деца над 3 годишна возраст.
Возрасни и деца над 12 години- 3 грама на ден.
Деца од 3 до 12 години- 1 грам на ден.
Колострумот може да се раствара во 100 мл вода, јогурт или млеко.
Во храна каде што ќе се раствори, како што се овесна каша, смути…
Складирање на ладно и суво место, да не се изложува на сончева светлина.
НАПИШАЛ: Александра- Живот без токсини, дипломиран Молекуларен биолог
https://www.instagram.com/zivot_bez_toksini/
РЕФЕРЕНЦА: