Во последно време, магнезиумот е насекаде.
Социјални мрежи, видеа, препораки, различни форми и различни тврдења за тоа кој магнезиум е „најдобар“.
Но, зад целиот тренд стои една многу едноставна вистина:
Магнезиумот е еден од најважните минерали во организмот и телото го користи постојано – секој ден, во стотици различни процеси.
Токму затоа го создадовме Pure Marine Magnesium – производ кој се базира на истата филозофија како и нашите колагени и колострум: чист состав, внимателно избрана форма и состојки што имаат реална функција во телото.
Зошто магнезиумот е толку важен?
Магнезиумот учествува во над 300 биохемиски процеси во организмот.
Тој има улога во:
✔ создавање енергија
✔ функција на мускулите
✔ нервен систем
✔ електролитна рамнотежа
✔ квалитет на сон
✔ релаксација на телото
✔ намалување на замор и исцрпеност.
Со други зборови – магнезиумот е вклучен во речиси сè што телото прави секојдневно.
Кога нивото е ниско, телото често почнува да испраќа сигнали:
– грчеви во мускулите
– чувство на замор
– нервоза
– потешкотии со сон
– чувство на „преоптовареност“
– пад на енергија.
Иако овие симптоми често се игнорираат или се препишуваат на стрес и замор, многу често во позадина стои токму недостаток на магнезиум.
Зошто денес толку многу луѓе имаат недостаток?
Современиот начин на живот троши многу повеќе магнезиум отколку порано.
Стресот, недоволниот сон, физичкиот напор, процесираната храна, кафето, алкохолот и секојдневниот ритам влијаат на неговото намалување.
Во исто време, многу луѓе не внесуваат доволно магнезиум преку исхрана.
Токму затоа магнезиумот стана дел од секојдневната рутина кај сè повеќе луѓе – не како тренд, туку како реална потреба на организмот.
Не е секој магнезиум ист
Кога се зборува за магнезиум, најчесто се спомнуваат различни форми:
– оксид
– цитрат
– глицинат / бисглицинат
– карбонат
– малат и други.
Разликата помеѓу нив не е само во името.
Формата влијае на:
– апсорпцијата
– растворливоста
– начинот на кој телото го користи магнезиумот
– дигестивната толеранција.
Некои форми имаат пониска апсорпција и телото потешко ги користи, додека други се попогодни за секојдневна употреба.
Зошто избравме магнезиум цитрат?
Pure Marine Magnesium е во форма на магнезиум цитрат – форма позната по својата добра апсорпција и лесна растворливост.
Тоа значи дека:
✔ лесно се раствора
✔ телото полесно го апсорбира
✔ едноставен е за секојдневно користење.
За нас беше важно да создадеме производ што нема само добро да изгледа на декларација, туку форма што навистина има смисла за употреба секој ден.
Што значи „морски магнезиум“?
Покрај формата, многу важен е и самиот извор на магнезиумот.
Pure Marine Magnesium потекнува од природен морски минерален извор од чистите води на Атлантскиот океан во Ирска.
Тоа е разликата помеѓу магнезиум добиен од природен морски извор и многу производи кои користат поевтини, синтетички или помалку апсорбирачки форми.
Кога го создававме овој производ, не сакавме само „уште еден магнезиум“ на пазарот.
Сакавме:
✔ чист состав
✔ внимателно избран извор
✔ форма што телото ја препознава
✔ производ без непотребни адитиви и шеќери.
Зошто е во прав?
Наместо таблети и капсули, избравме форма во прав.
Причината е едноставна:
– лесно се раствора
– едноставно се користи
– лесно се вклопува во секојдневната рутина.
Кај многу магнезиум суплементи во форма на таблети, количината на активен магнезиум по таблета е ограничена, па често е потребно да се земаат повеќе таблети во текот на денот за да се постигне соодветен внес.
Со формата во прав, потребната дневна доза може полесно и попрактично да се внесе одеднаш, без голтање повеќе таблети или капсули.
Дополнително, производот не содржи непотребни врзива и состојки кои често се користат кај таблетираните форми.
Продолжение на нашата филозофија
Кога започнавме со Димас во 2020 година, нашата идеја беше едноставна:
да создадеме производи што и самите би ги користеле секој ден.
Прво беа колагените, рибен и говедски.
Потоа Pure Colostrum.
Денес – Pure Marine Magnesium.
И понатаму веруваме во истото:
✔ чисти производи
✔ без непотребни состојки
✔ внимателно избрани форми
✔ квалитет пред трендови.
Затоа што телото не бара совршенство.
Туку континуирана, квалитетна поддршка.