3 типови на колаген

Колагенот (по водата) е 2-рата најзастапена супстанција во човечкото тело.

Со тек на време, идеалните нивоа на колаген кои нашето тело природно ги произведува почнуваат да се намалуваат. На возраст од 40 години, способноста на телото да произведува колаген се намалува за 25%. На возраст од 60 години, намалувањето е преку 50%. Ова особено се однесува на колагенот тип 1 и 3.

Има 3 посебни типови колаген, со комплетно различна функција, тип 1, 2 и 3. Сите 3 типа колаген содржат различни колагенски пептиди кои имаат посебна функција во телото.

Преку 90% од колагенот во телото се состои од тип 1 и 3 колаген.

36% од коските се состојат од колаген тип 1 и 3.

4 видови на колаген

  • Говедски колаген – содржи тип 1/тип 3 колаген и е идеален извор на аминокиселините глицин и пролин, кои се неопходни за создавање креатин и билдање мускулна маса.
  • Рибен колаген – најлесно и најефикасно се апсорбира, извор на аминокиселините глицин, пролин и хидроксипролин.
  • Колаген од кокошки – содржи тип 2 колаген, кој е најдобар за зглобната ‘рскавица, посебно затоа што содржи хондроитин и глукозамин.
  • Колаген од лушпи на јајца – содржи воглавно тип 1 колаген, но и глукозамин, хондроитин и хијалуронска киселина.

Биоактивните колагенски пептиди од DIMAS имаат идеална молекуларна тежина помеѓу 1000 и 3000 Далтони за комплетна апсорпција и максимална биодостапност.

Говедски колаген

Говедскиот колаген (тип 1 и тип 3) се добива од кравја кожа и е богат извор на аминокиселини. Препорачаната дневна доза изнесува 10 грама. Во составот доминираат следниве 4 аминокиселини:

глицин (силни мускули, кожа, коски, крв)
хидроксипролин (придонесува за стабилност на колагенот)
пролин (помага за зајакнување на срцевиот мускул)
аспартaмска киселина (има улога како невротрансмитер)

Рибен колаген

Рибниот колаген за прв пат е произведен пред 35 години, во 1985.

Рибниот (воглавно тип 1, малку тип 2) колаген се добива од кожа и крлушки на риби. Биоактивните пептидни молекули се помали и поради тоа полесно се апсорбираат и имаат поголема биодостапност. Поради тоа препорачаната дневна доза е само 5 грама. Во составот доминираат следниве 3 аминокиселини:

аланин (го зајакнува имунитетот и дава енергија за централниот нервен систем, мозокот и мускулите)
аргинин (за побрзо зараснување на рани)
аспартaмска киселина (има улога како невротрансмитер)

Рибниот колаген е совршен anti-age протеин со најголема биодостапност.

  • Се апсорбира 1.5 пати поефикасно од страна на телото.
  • Претставува најдобар извор на медицински колаген.
  • Содржи тип 1 колаген, кој е најзастапен во телото.

Здравствени придобивки од рибниот колаген

  • Anti-age (зголемена хидратација и еластичност на кожа, смалување на брчки).
  • Зараснување на скршеници и зголемување на коскената минерална густина, како и против-воспалителен ефект кај остеоартрит.
  • Зараснување на рани.
  • Идеален извор на протеини.
  • Антибактериски својства (состојка колагенцин која делува против бактеријата стафилокока – Staphylococcus aureus).