ВЛИЈАНИЕТО НА ГОВЕДСКИОТ КОЛОСТРУМ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО
Говедскиот колострум е буквално натоварен со хранливи материи кои се борат против болестите и го поттикнуваат растот, па токму поради тоа тој може ефективно да го зајакне имунитетот, да лекува инфекции и да понуди повеќе поврзани придобивки кај луѓето во текот на животот.
Неговите потврдени здравствени придобивки се главно поврзани со специфични протеински соединенија. Колострумот вклучува биолошки активни елементи и бактериостатски супстанции како што се ензими, хормони, полиамиди, деривати на нуклеинска киселина, амино киселина. Бактериостатските супстанции вклучуваат имуноглобулини, лактопероксидаза, лактенини, лактоферини, лизозими и леукоцити.
- Лактоферин – Лактоферинот е протеин вклучен во имунолошкиот одговор на вашето тело на инфекции, вклучително и оние предизвикани од бактерии и вируси.
- Фактори на раст – Факторите за раст се хормони кои го стимулираат растот. Говедскиот колострум е особено висок во два хормони базирани на протеини, фактори на раст слични на инсулин 1 и 2 или ИГФ-1 и ИГФ-2.
- Антитела – Антителата се протеини, познати и како имуноглобулини, кои ги користи вашиот имунолошки систем за борба против бактериите и вирусите. Говедскиот колострум е богат со антитела IgA, IgG , IgM, IgE, IgD
- Витамини – во лесно апсорбирачка форма. Витамините вклучени во колострумот се и растворливи во масти (А, Д, Е и К) и растворливи во вода (тиамин, рибофлавин, пиридоксин, кобаламин, ниацин, биотин, пантотенска киселина, фолна киселина, никотинска киселина и холин)
- Минерали – калциум, магнезиум, фосфор, калиум и натриум
Ефектите за зајакнување на имунитетот на колострумот најмногу се должат на неговата висока концентрација на антителата IgA и IgG.
Колострумот промовира раст и здравје кај доенчињата и новородените животни, но истражувањата покажуваат дека земањето додатоци од говедски колострум може да го промовира имунитетот, да помогне во борбата против инфекциите и да го подобри здравјето на цревата во текот на животот.
Колострумот ги содржи сите есенцијални хранливи материи за новороденчето во првите денови од животот кои имаат долготрајни позитивни ефекти. Говедскиот колострум се користи за човечки додатоци на исхрана поради високите концентрации на биоактивни протеини, витамини, минерали, фактори на раст, како и слободни и конјугирани олигосахариди.
Говедскиот колострум се состои од есенцијални хранливи материи како што се протеини, масти, витамини и минерали. Дополнително, говедскиот колострум содржи високи нивоа на биоактивни соединенија, вклучувајќи олигосахариди, имуноглобулини, лактоферин и лизозим, кои имаат добро карактеризирани улоги во обезбедувањето пасивен имунитет, антимикробна заштита, помага при апсорпција на железото во телото, го поддржува здравјето на цревната обвивка.
Говедскиот колострум го подобрува човековото здравје со тоа што ја подобрува имунолошката одбрана и гастроинтестиналното здравје на луѓето со неговите биоактивни компоненти. Врската помеѓу консумирањето на говедскиот колострум од страна на луѓето и одбраната на имунитетот е научно истражувана долги години за подобро да се разбере имунолошката активност на говедскиот колострум. Неколку студии укажуваат на тоа дека говедскиот колострум се користел во клиниките и терапевтските апликации. Оралниот внес на говедски колострум, на пример, влијае на цревниот имунитет, кој е резултат на зголемена концентрација на природни убијци, лимфоцити. IgG во говедскиот колострум е исто така способен да го промени вродениот и адаптивниот имунитет со врзување за патогени што доведува до фагоцитоза и одбрана.
КОЛОСТРУМОТ И ЗДРАВЈЕТО НА СПОРТИСТИТЕ
Истражувањата покажуваат дека колострум суплементите може да бидат особено ефикасни во зајакнувањето на имунитетот кај елитните спортисти. Говедскиот колострум исто така често го претпочитаат спортистите кои прават вежби за издржливост и отпор, бидејќи нуди висока хранлива вредност. Спортистите постојано работат на тоа да се задржат физички и физиолошки на највисоко ниво во високо конкурентна средина. За ова, покрај програмите за исхрана, најчесто користат различни суплементи.
Бројни истражувања укажуваат на тоа дека говедскиот колострум позитивно влијае на имунолошкиот систем и развојот на мускулите кај спортистите. Истражувањата покажуваат дека употребата на колострум кај спортистите е ефикасна при хипертрофија, зголемување на мускулната сила и намалување на телесните масти. Поточно дека, поради неговата богата содржина на ИГФ-1, говедскиот колострум придонесува за продолжување на времетраењето на вежбањето, со зголемување на капацитетот за пуферирање на мускулите за време на вежби со висок интензитет.
Една 12-неделна студија со 35 возрасни тркачи на далечина покажала дека земањето говедски колострум на дневно ниво го зголемува количеството на IgA антитела од плунка за 79%, во споредба со основните нивоа. Истражувачите сугерираат дека повисоките нивоа на IgA во плунката може да го зајакнат имунитетот и да ја подобрат способноста на телото да се бори против инфекции на горниот респираторен тракт.
Во друга студија со 29 машки велосипедисти е забележано дека земањето 10 грама говедски колострум дневно, во текот на 5 недели, го спречува намалувањето на имунолошките клетки после вежбање и го намалува ризикот на појава на симптоми на инфекција на горните дишни патишта.
ПРОИЗВОДСТВО НА ДИМАС КОЛОСТРУМОТ
Во зависност од тоа како се одгледуваат кравите, говедскиот колострум може да содржи и антибиотици, пестициди или синтетички хормони. Сепак, можете да купите колострум коj е тестиран за да се осигурате дека финалниот производ ги нема овие соединенија.
Димас Колострумот поседува анализни сертификати кои гарантираат целосна безбедност. Тестиран е за присуство на тешки метали, арсен кадмиум, жива, афлатоксини, антибиотици, бакар, и поседува анализен сертификат за микробиолошка исправност.
Димас колострумот во прав е направен од колострум кој доаѓа од Холандија, од крави од отворени пасишта т.е. крави кои не се фармски одгледувани. Се почитува правилото според кое колострумот се собира – само во првите 24 часа по породувањето. Целиот колострум се обработува во Холандија.
Процесите вклучени во подготовката на говедскиот колострум за човечка суплементација играат клучна улога во зачувувањето и одржувањето на активноста на биоактивните молекули. Бидејќи говедскиот колострум е мултифункционална храна која нуди огромен број бенефити за човековото здравје, оценувањето на главните процеси што се користат при неговото подготвување е клучна точка за дискусија.
Димас колострумот е добиен по пат на сушење со замрзнување – метод на сушење кој вклучува два чекори:
- Прво, производот се замрзнува, а медиумот за суспензија се кристализира на ниска температура.
- Потоа, течноста се сублимира од цврстата состојба низ фазата на пареа под намален притисок.
Производите кои се сушени по пат на замрзнување ја задржуваат својата оригинална форма и текстура, а оваа постапка ја минимизира загубата на хранливи материи поради ниската температура на обработка и брзата транзиција на замрзнатиот материјал од хидрат во безводен. Токму поради ова, ваквиот тип на сушење е најомилената техника за дехидрација за биолошки материјали чувствителни на топлина.
Сушењето по пат на замрзнување често се претпочита во биотехнолошкиот сектор и производите кои се исушени на овој начин може да се чуваат повеќе од една година, без да ги загубат нивните биолошки својства.
ПРИДОБИВКИ ОД КОНСУМИРАЊЕ НА ДИМАС КОЛОСТРУМОТ
Димас колострумот претставува високо квалитетен чист колострум во прав без додатоци.
Консумирањето на чист колострум во прав во текот на животот носи големи придобивки:
- Зајакнување на имунолошкиот систем
- Дигестивно здравје
- Подобрување на виталност
- Регенерација на ткивата
- Антиоксидантна заштита
- Извор на енергија
- Клеточно здравје
- Го поддржува процесот на слабеење
НАЧИН НА КОНЗУМИРАЊЕ НА ДИМАС КОЛОСТРУМОТ
- Најдобро е да се консумира наутро на празен стомак
- Дневна доза за возрасни и деца над 12 години – 3 гр.
- Дневна доза за деца од 3 до 12 години – 1 гр.
- Колострумот може да се раствара во 100 мл вода, јогурт или млеко, или пак во храна каде што ќе се раствори, како што се овесна каша, смути и сл.
НАЧИН НА ЧУВАЊЕ НА ДИМАС КОЛОСТРУМОТ
На ладно и суво место, да не се изложува на сончева светлина.
НАПИШАЛ: Александра- Живот без токсини, дипломиран Молекуларен биолог
https://www.instagram.com/zivot_bez_toksini/ РЕФЕРЕНЦА: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC8624701/